Рецепти
Брзи колачи со рум и мед
Одлични се за некоја прослава кога немате многу време да приготвувате сложени рецепти
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мелени бисквити(150 Грама)
Мелени ореви(150 Грама)
Рум(25 Милилитри)
Мед(3 Супени лажици)
Црно чоколадо(200 Грама)
Еурокрем(200 Грама)
Путер(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Се мешаат мелените бисквити, мелените ореви, румот и медот.
- Од смесата се прават топчиња со големина на лешник.
- Во тенџере на оган се става една лажица путер, еурокремот и чоколадото искршено на коцки и се растопуваат.
- Со чоколадната смеса се полнат хартиените кошнички до половина.
- Во средината на кошничките се става по едно топче од смесата со ореви, бисквити, рум и мед, па се оставаат во фрижидер да се стврднат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во