Рецепти
Долма со млади тиквички Ана Ристеска

Традиционален велешки рецепт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мешано мелено месо(250 Грама)

Млад кромид(1 )

Ориз(50 Грама)

Масло(50 Грама)

Магдонос(1/2 Китка)

Тиквичка(2 )

Јајце(2 )

Оцет(2 Кафени лажици)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Се пржи кромидот, се додаваат месото, оризот, маслото, пола китка ситно исечкан магдонос и вегета и црн бибер по вкус.
  2. Тиквичките се лупат и се сечат на пола.
  3. Се длабат со лажичка и се полнат со подготвениот фил.
  4. Потоа ги затвараме со првото делче кое што го извадивме од центарот и ги боцкаме со чечкалица за филот да не излезе.
  5. Вака наполнетите тиквички се редат исправено во подлабоко тенџере.
  6. Во тенџерето ставаме вода така што тиквичките ќе бидат целосно потопени и ги вариме на тивок оган околу 30 минути додека тиквичките не омекнат, а оризот не се свари.
  7. На страна ги матиме јајцата со оцетот.
  8. Од кога ќе завршиме со варењето на тиквичките, водата во која се вареле, полека ја додаваме во јајцата и постојано матиме на тивок оган за јајцата да не се згрудат.
  9. Кога ќе се добие белиот сос, ги поливаме тиквичките.
  10. Посебно се прави уште еден сос од толчен лук и магдонос и 2-3 лажички оцет кој по желба може да го ставите врз тиквичките.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: