Рецепти
Фереро Рошер торта Ана Ристеска

Вкусна Фереро Рошер торта која со сигурност ќе им биде омилена на сите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(7 )

Шеќер(1/2 Чаша)

Мелени лешници(2 Чаши)

Брашно(3 Супени лажици)

Какао(3 Супени лажици)

Прашок за печиво(3 Супени лажици)

Несолен путер(300 Грама)

Црно чоколадо(2 1/2 Чаши)

Нутела крем(1/2 Чаша)

Обланди(1.5 Чаша)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Две округли тави за печење обложете ги со хартија за печење и тргнете ги на страна.
  2. Измешајте го брашното, какаото и печивото заедно. Потоа додајте ги и мелените лешници.
  3. Матете ги јајцата со електричен миксер додека не се добие убава кремаста смеса. Потоа постепено додајте го шеќерот и матете уште 5 минути.
  4. Додајте ги брашното со какаото постепено и матете.
  5. Сипете ја смесата во тавите за печење и печете додека чечкалица кога ќе боцнеме ќе излезе чиста.

За филот:

  1. Стопете го чоколадото и измешајте го заедно со нутелата и путерот.
  2. Обландите сомелете ги.

Редење на тортата:

  1. Двете теста пресечете ги на пола така што ќе добиеме 4 теста.
  2. Врз првото тесто премачкајте од филот, потоа поросете од обландите и ставете го второто тесто. Постапката повторувајте ја додека не го ставите последното тесто. Потоа, премачкајте ја цела торта со преостанатиот дел од филот и декорирајте го Фереро Рошер бомбици.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: