Рецепти
Фетучини со лосос сос
Лесен ручен во вкусен лосос сос кој ви предлагаме да го послужите со бело вино
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Фетучини(500 Грама)
Лосос(400 Грама)
Свежи шампињони(6 )
Крем сирење(150 Грама)
Маргарин(50 Грама)
Лук(3 Чешниња)
Црни маслинки(4 )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 30 минути
- Во тава на оган со загреано маслиново масло го додаваме маргаринот и мешаме со лажица.
- Чешнињата лук ситно ги сечкаме и откако маргаринот ќе се растопи ги додаваме во тавата.
- Шампињоните ги сечеме на листови, ги додаваме во тавата со запржениот лук и мешаме со лажицата.
- На кременадлите од лосос им ги отстрануваме коските, а месото го сечкаме на парчиња.
- Откако шампињоните ќе се испржат во тавата ги додаваме пачињата лосос. Маслинките ги сечкаме на тенки кругови и ги додаваме во тавата. Зачинуваме со сол и бибер и промешуваме.
- Откако лососот ќе се испржи го додаваме крем сирењето, промешуваме со лажицата и динстаме додека сосот не ја добие потребната густина.
- Во тенџере со зовриена посолена вода на оган ги вариме фетучините, ги цедиме во цедалка и ги ставаме на чинија за сервирање. Врз нив го нанесуваме лосос сосот.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во