Рецепти
Харусаме со свинско месо
Јапонски рецепт за пржено свинско месо со нудлси, зеленчук и сос
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Азиска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Нудлс(170 Грама)
Морков(2 )
Краставица(2 )
Кромид(1 Главица)
Свинско филе(170-190 Грама)
Масло(2 Супени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
Бибер(1/2 Кафена лажица)
Нишесте (пченкарен скроб)(1 Кафена лажица)
Соја сос(1/4 Чаша)
Оцет од ориз(3 Супени лажици)
Шеќер(2 Супени лажици)
Масло од сусам(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Нудлсите подгответе ги според упатството на пакувањето, исцедете ги и тргнете ги настрана.
- Во друг сад измешајте ги состојките за харусаме сосот: 1/4 чаша соја сос, 3 лажици оризов оцет, 2 лажици шеќер и 2 лажици масло од сусам.
- Морковите и краставиците исечете ги на тенки ленти, кромидот на средни парчиња, а свинското месо исечете го на тенки парчиња.
- Свинското месо ставете го во сад и измешајте го со нишестето (густин) и со 1 лажица од харусаме сосот. Оставете го да отстои така 5 минути.
- Во меѓувреме загрејте го маслото во поголема тава или вог тава на умерен оган и пропржете го кромидот. Кога ќе омекне, додајте ги краставицата и морковот, зачинете со сол и бибер и пржете ги 1-2 минути.
- Додајте го месото, зачинете повторно по вкус и пржете додека добие кафенкаста боја.
- Потоа додајте ги нудлсите и останатиот харусаме сос.
- Додајте го и зеленчукот и пржете уште неколку минути додека состојките се изедначат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во