Рецепти
Јајла турска чорба
Турска традиционална чорба од јогурт и ориз
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Турска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешка супа(5 Чаши)
Ориз(1/4 Чаша)
Јогурт(2 Чаши)
Јајце(1 )
Брашно(2 Супени лажици)
Путер(2 Супени лажици)
Суво нане(2 Кафени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Супата и оризот варете ги во тенџере на оган додека омекне оризот.
- Во сад измешајте матени јајца и брашно со жица за матење, убаво соединете и додајте го јогуртот. Повторно промешајте и додајте 1-2 лажици вода за малку да ја разредите смесата.
- Смесата со јогурт варете ја во тенџере на тивок оган 15-тина минути и мешајте.
- Потоа постепено со мешање додавајте ги оризот и супата во смесата со јогурт. Продолжете да мешате и кога ќе зоврие чорбата, намалете го огнот на минимум и варете 10-15 минути.
- Путерот растопете го и додајте го нането. Мешајте половина минута, внимавајќи да не изгори, а потоа прелијте го врз готовата чорба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во