Рецепти
Канелони со мелено месо
Вкусен ручек од италијанската кујна кој одлично оди со чаша вино
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Канелони(1 Пакување)
Павлака(500 Милилитри)
Кашкавал(250 Грама)
Мешано мелено месо(500 Грама)
Кромид(2 Главици)
Морков(2 )
Доматен сос(300 Грама)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Кромидот го сечкаме ситно, морковот го рендаме и потоа заедно ги пржиме. Кога ќе омекне кромидот, го додаваме месото и пропржуваме, па додаваме сол, вегета, бибер, оригано, доматен сос и ситно сечкан магдонос.
- Со оваа смеса ги полниме канелоните па ги редиме во подмачкана тава.
- Полнетите канелони ги преливаме со павлака, врз нив го рендаме кашкавалот и ставаме да се пече во загреана рерна.
- Печеме додека добијат убава румена боја, а потоа ги сервираме.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во