Рецепти
Ќофте со доматен сос
Лесен ручек кој можете да го послужите со шпагети или ориз
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мешано мелено месо(500 Грама)
Јајце(1 )
Кромид(1 Главица)
Презла(4 Супени лажици)
Магдонос(малку )
Домат(6 )
Лук(2 Чешниња)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути
- Кромидот се сечка многу ситно.
- Во подлабок сад соединете ги меленото месо, кромидот, јајцето, магдоносот, презлата, па добро измешајте ги и зачинете ги по вкус.
- Смесата се остава во фрижидер околу 30 минути.
- Се вади од фрижидер и се обликуваат топчињата, кои потоа се пржат во врело масло.
- Во посебен сад испржете ги ситно исечканите домати и на крајот додајте ситно исечкан лук.
- Ќофтињата послужете ги со приготвениот доматен сос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во