Рецепти
Колач со прелив од лимон Ана Ѓорова

Лесен десерт со арома на лимон што е многу вкусен и освежителен

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(5 )

Шеќер(20 Супени лажици)

Брашно(3 Супени лажици)

Гриз(3 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 Пакување)

Лимон(1 )

Вода(3 Децилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + 2-3 часа за да впие преливот

  1. Лимонот добро измијте го, исушете го со крпа, изрендајте ја кората и исцедете го сокот.
  2. Иматете ги јајцата со 5 лажици шеќер, па додајте ја ренданата кора од лимон, брашното помешано со печивото и гризот.
  3. Смесата добро соединете ја и претурете ја во намастен плех.
  4. Печете го колачот во рерна на умерена температура.
  5. Во меѓувреме во тенџере на оган загрејте ја водата со 15 лажици шеќер.
  6. Откако смесата ќе зоврие додајте го лимоновиот сок и мешајте го шербетот додека се растопи шеќерот.
  7. Со оладениот шербет прелијте го врелиот колач и оставете го 2-3 часа да ја впие добро целата течност.
  8. Колачот може да го посипете со шеќер во прав или да го служите со компот од вишни – на секоја коцка што ќе ја исечете ставете по една вишна со сокот.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: