Рецепти
Колач со три слоја Ана Ѓорова

Вкусен и декоративен чоколаден колач со состојки што веќе ги имате во кујната

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(9 )

Шеќер(2 Чаши)

Брашно(2 и пол чаши )

Какао(2 Супени лажици)

Вода(топла 1 чаша )

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Млеко(4 Чаши)

Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)

Шеќер во прав(1 1/4 Чаша)

Маргарин(или путер 250 грама )

Црно чоколадо(115 Грама)

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

 

Чоколаден слој

 

  1. Од 3 јајца одделете ги жолчките и белките. Со миксер изматете ги белките додека ја добијат потребната густина.
  2. Во друг посебен сад пенасто изматете ги жолчките со 1/2 чаша шеќер.
  3. Откако добро ќе се соединат и изматат, во садот со жолчки постепено додавајте 1 чаша топла вода и 1 чаша брашно измешано со прашокот за печиво и какаото.
  4. Изматете да се соедини смесата, додајте ги изматените белки и измешајте со лажица.
  5. Смесата претурете ја во намастена тава со димензии 9х13 и печете 25-30 минути во рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка дали е печено – боцнете, ако чепкалката излезе чиста, печено е.

 

Кремаст слој

 

  1. Од 6 јајца одделете ги белките и жолчките. Жолчките пенасто изматете ги со миксер, па постепено додавајте 1 1/4 чаша млеко и 1 1/2 чаша брашно, па матете додека добиете кремаста смеса.
  2. Остатокот од млекото зовријте го во поголемо тенџере на тивок оган.
  3. Изматената смеса додајте ја во зовриеното млеко, варете на тивко и мешајте непрекинато со жица додека се згусне смесата, околу 10 минути.
  4. Згуснатиот крем оставете го настрана целосно да се олади.
  5. Во друг сад изматете ги шеќерот во прав со маргаринот (омекнат на собна температура) додека добиете пенаста смеса.
  6. Маргаринот додајте го во оладениот крем од жолчки и добро измешајте со лажица.
  7. Смесата додајте ја врз првиот чоколаден слој и добро израмнете со лажица.

 

Бел слој

 

  1. Останатите белки од јајце (6) изматете ги со миксер додека ја добиете посакуваната густина. Постепено додавајте 1 и пол чаша шеќер и матете непрекинато.
  2. Префрлете ги во сад на пареа и гответе 6-7 минути со непрекинато мешање со жица за матење додека шеќерот се растопи и смесата се згусне.
  3. Оставете настрана да се излади, па нанесете ја врз вториот слој.

 

Чоколадна глазура

 

  1. Во мало тенџере растопете 5-6 лажици путер.
  2. Тргнете го од оган и додајте го чоколадото искршено на парчиња и малку масло.
  3. Мешајте со жица додека чоколадото целосно се растопи.
  4. Глазурата прелијте ја врз колачот и оставете да се олади.
  5. Потоа колачот исечете го на коцки со топол и исушен нож, па ставете го во фрижидер да се стврдне.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: