Рецепти
Колачи со банана и ленено семе
Здрав, брз и лесен рецепт за колачи што може да ги подготвите за ужина или за појадок со чаша млеко
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
3 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Банана(1 )
Јајце(1 )
Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)
Црно чоколадо(6 коцки )
Кокосово брашно(3 Супени лажици)
Ленено семе(2 Супени лажици)
Какао(1 Супена лажица)
Кикирики(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 25 минути
- Изматете ги белките во цврст крем, па додајте ги круговите банана. Матете додека добиете хомогена смеса, па тогаш додајте ги и жолчките.
- Додајте го лененото семе, какаото, кокосот, печивото и сечканото чоколадо, па измешајте.
- Смесата треба да биде ретка бидејќи колачите треба да се меки, а ако ви е премногу течна може да додадете уште суви состојки.
- Плехот обложете го со хартија за печење и ставајте со лажица од смесата со растојание едно од друго.
- Посипете ги со сечкани кикирики и печете ги околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени.
- Откако ќе се испечат колачите, почекајте да се оладат, па тогаш одлепете ги од хартијата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во