Рецепти
Компир салата со јогурт
Необичен рецепт за компир салата што можеби не сте се сетиле да го пробате претходно. Има навистина свеж и убав вкус.
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Компир(1 ½ Килограм)
Јогурт(125 Милилитри)
Павлака(100 Милилитри)
Мајонез(2 Супени лажици)
Каперси(25 Грама)
Кисели краставички(100 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Компирите сварете ги во тенџере со поголемо количество вода, исцедете ги откако ќе се сварат и излупете ги. Потоа исечете ги на коцки и ставете ги во сад настрана.
- Каперсите и киселите краставички исцедете ги од течноста во теглата и ситно исечкајте ги.
- Во сад измешајте ги павлаката, јогуртот и мајонезот со киселите краставички и каперсите.
- Прелијте ги компирите со сосот и послужете ги. Посолете по вкус.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во