Рецепти
Коцки од гриз и праз Ана Ѓорова

Со чаша јогурт и сирење, оваа комбинација е вистинска вкусна класика

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Праз(2 страка )

Гриз(100 Грама)

Кашкавал(200 Грама)

Јајце(3 )

Кисела павлака(200 Милилитри)

Млеко(500 Милилитри)

Путер(125 Грама)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Празот ситно исечкајте го и пржете го на загреано масло во тава на оган.
  2. Откако ќе омекне празот, во тавата додајте ја киселата павлака и зачинете со сол и бибер.
  3. Потоа промешајте и тргнете од оган.
  4. Во тенџере на оган додајте го млекото, додајте сол и бибер, путерот и мешајте со жица да се растопи.
  5. Постепено во тенџерето додавајте го гризот и мешајте со жицата, а откако гризот ќе ја добие потребната густина, додајте го во тавата со празот.
  6. Една по една додавајте ги жолчките во тавата и непрекинато мешајте со жицата.
  7. Додајте ситно изрендан кашкавал во тавата и продолжете со мешањето.
  8. Правоаголна тава за печење намастете ја со масло и обложете ја со хартија за печење, па нанесете ја смесата во неа.
  9. Печете во рерна на 190 степени околу 30 минути или додека добие убава златнокафена боја.
  10. Испечената смеса извадете ја од хартијата и исечете ја на коцки, па послужете ги малку подоладени.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: