Рецепти
Коцки со какао Ана Ѓорова

Вкусни и лесни коцки за одличен десерт со кафето

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(250 Грама)

Вода(150 Милилитри)

Брашно(380 Грама)

Јајце(11 )

Какао(2 Супени лажици)

Прашок за печиво(1 )

Млеко(1 Литар)

Маргарин(250 Грама)

Лимон(1 )

Шеќер во прав(150 Грама)

Ванилин шеќер(2 )

Црно чоколадо(1 Пакување)

Масло(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

Пандишпан

  1. Од 5 јајца одделете ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките додека ја добијат потребната цврстина.
  2. Во садот со жолчките додајте го шеќерот и матете со миксер да се растопи.
  3. Во садот со какаото додајте 150 мл топла вода, промешајте и додајте го размешаното какао во садот со жолчките. Матете со миксер да се соедини смесата.
  4. Додајте ги прашокот за печиво и 200 г брашно и мешајте.
  5. Додајте ги и изматените белки и мешајте додека се соедини смесата.
  6. Ставете ја смесата во правоаголна тава за печење обложена со хартија.
  7. Тавата ставете ја во рерна и печете 30 минути на 200 степени.

Фил

  1. Во тенџере на оган ставете ги млекото, 180 г брашно, ванилиниот шеќер и сокот од лимон.
  2. Од останатите 6 јајца одделете ги белките од жолчките, белките ставете ги во длабок сад, а жолчките додајте ги во тенџерето на оган.
  3. Мешајте со жица за матење додека кремот да ја добие потребната густина.
  4. Во друг сад со миксер пенасто изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, па додајте ги во изладениот крем и матете со миксерот додека смесата се соедини.

Финална постапка

  1. Тавата со испечениот пандишпан извадете ја од рерна и премачкајте го пандишпанот со фил.
  2. Потоа одозгора истурете го чоколадото претходно растопено во тенџере на оган со лажица масло.
  3. Колачот оставете го во фрижидер да се олади и стврдне, па пресечете на коцки.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: