Рецепти
Крем бомбици
Сочни и вкусни непечени бомбици што се топат во уста
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер во прав(250 грама + 4 лажици )
Црно чоколадо(100 Грама)
Јајце(1 )
Рум(3 Супени лажици)
Мелени ореви(250 Грама)
Путер(125 Грама)
Ванилин шеќер(1 )
Чоколадни трошки(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го во тенџере на тивок оган со постојано мешање.
- Белката изматете ја со миксер и додајте 250 г шеќер во прав.
- Додајте го румот во садот со белката и матете додека белката ја добие потребната цврстина, потоа измешајте ја со чоколадото и со мелените ореви.
- Месете ја смесата со рака додека да се соедини.
- Крем: во сад за матење ставете ги путерот и жолчката, додајте 4 лажици шеќер во прав и ванилиниот шеќер. Матете со миксер додека филот стане пенест.
- Потоа земете од смесата со белка, ореви и чоколадо и расплескајте ја на едната рака. На средина нанесете од кремот и формирајте бомбица.
- На истиот начин подгответе ги сите бомбици и валкајте ги во чоколадни трошки.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во