Рецепти
Крем супа од црвена леќа
Интересна крем супа
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ВегетаријанскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Црвена леќа(150 Грама)
Кромид(1 Главица)
Морков(1 )
Масло(2 Супени лажици)
Вода(1 Литар)
Брашно(1 Супена лажица)
Доматно пире(1 Супена лажица)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 25 минути
- Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган.
- Откако кромидот ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица пире од домати и мешаме.
- Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешаме, малку да се пропржат.
- Ја додаваме водата и вариме на тивок оган, додека морковот и леќата не омекнат.
- Зачинуваме по вкус со сол, зачин и црн бибер.
- На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина. По вкус сервирајте со магдонос или босилек.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во