Рецепти
Куглов Клеопатра
Брз и едноставен десерт кој одлично изгледа
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(5 )
Шеќер(10 Супени лажици)
Млеко(200 Милилитри)
Масло(200 Милилитри)
Брашно(10 Супени лажици)
Прашок за печиво(1 )
Ванилин шеќер(1 )
Какао(2 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
Жолт дел:
- Во сад за матење со миксер се матат жолчките и 5 лажици шеќер.
- Се додаваат 100 мл млеко, 100 мл масло, 5 лажици брашно помешано со печивото и со ванилата, потоа со лажица се меша додека се изедначи смесата.
- Половина од смесата се истура во калапот за куглов и и се пече во загреана рерна околу 10 минути.
Кафен дел:
- Во преостанатиот жолт дел го додаваме какаото, мешаме убаво со лажица и смесата ја истураме врз жолтиот дел. Печеме уште 10 минути.
Бел дел:
- Во садот за матење со миксер се матат белките со 5 лажици шеќер.
- Додаваме 100 мл масло и 5 лажици брашно, мешаме со лажица и смесата ја претураме врз кафеавиот дел.
- Повторно калапот го враќаме во рерна и печеме уште 15 минути.
- Готовиот куглов го вадиме на чинија за торта, па откако малку ќе се излади, го сечеме на парчиња и го сервираме.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во