Рецепти
Макало од пиперки и ореви (посно)
Вкусно и едноставно макало од печени пиперки и ореви што ќе им даде шмек на вашите јадења
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
3 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Црвена бабура(1-2 помали или 1 голема )
Млад кромид(3-4 помали )
Ким(1 Кафена лажица)
Сол(1 Кафена лажица)
Свеж сок од лимон(1 Кафена лажица)
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Маслиново масло(5 Супени лажици)
Сечкани ореви(3/4 Чаша)
Лебни трошки(4-5 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Пиперките испечете ги убаво од двете страни и потоа излупете ги, исечкајте ги и измешајте ги со сечканиот млад кромид, сокот од лимон, ким, сол, малку сок од калинка, црвениот пипер, маслиновото масло и оревите. Ставете ја смесата во блендер и сомелете ја.
- Додајте ги лебните трошки и измешајте. Зачинете со сол и бибер.
- Загрејте маслиново масло и прелијте го макалото, измешајте и додајте уште црвен пипер и сечкани ореви.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во