Рецепти
Мини переци Ана Ѓорова

Вкусни и лесни грицки за гостите или за со омилената серија

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(800 Грама)

Јајце(3 )

Млеко(250 Милилитри)

Маргарин(250 Грама)

Сусам(100 Грама)

Квасец(1 свеж )

Масло(50 Милилитри)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Квасецот изронете го и додајте го во тенџере со млако млеко. Мешајте го со жица да се растопи.
  2. Жолчките од јајца измешајте ги со брашното, солта и сечканиот омекнат маргарин.
  3. Додајте ги млекото со растопениот квасец и маслото, па замесете тесто и оставете го да стасува 30-тина минути.
  4. Потоа од тестото расукајте кора на набрашнета работна површина со дебелина од 7-8 мм.
  5. Со калап од кората вадете ги переците и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
  6. Ако немате калапчиња, тогаш откинете мал дел од тестото, свиткајте го како долг ролат и рачно формирајте перечиња.
  7. Белките изматете ги со виљушка, премачкајте ги переците и наросете ги со сусам или со крупна сол.
  8. Печете ги во рерна на 180 степени околу 15 минути или додека добијат убава румена боја.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: