Рецепти
Њоки од тиква Ана Ѓорова

Многу едноставно јадење со кое ќе ги изненадите најблиските

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиква(800 Грама)

Брашно(100 Грама)

Јајце(1 )

Путер(30 Грама)

Рендан пармезан(50 Грама)

Жалфија

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Излупете ја тиквата и извадете ѝ ги семките. Потоа исечете ја на парчиња од околу 1 см и ставете ги парчињата врз тава претходно покриена со хартија за печење.
  2. Покријте ја тиквата со уште еден слој хартија за печење и печете ја на 180°C околу 20-тина минути.
  3. Оставете ја настрана да се излади и потоа испасирајте ја со вилушка во пире или изблендирајте ја. Тиквата треба да содржи што помалку вода, во спротивно ќе ви биде потребно многу повеќе брашно за подготовка на њоките. Затоа повторно ставете го пирето од тиква врз хартија за печење во тава и печете го на 110°C додека убаво се исуши.
  4. Направете вдлабнатина во брашното и во средината ставете го пирето од тиква, па убаво замесете тесто со дланките. Откако ќе почне да се формира смесата, додајте го јајцето и повторно месете. Убаво изработете го со дланките за да не се лепи: доколку е влажно, ставете уште малку брашно, но не претерувајте. Ако ставите премногу брашно, њоките ќе бидат тврди и помалку ќе го осеќате вкусот на тиквата.
  5. Потоа започнете со формирање на њоките: тестото се дели на повеќе топчиња, а топчињата се сукаат во долги стапчиња и се сечкаат. Должината на њоките е по желба, околу 3-4 сантиметри.
  6. Зовријте вода во тенџере, додајте сол и ставете ги њоките да се варат во зовриената вода околу 3 минути. Почнете да ги вадите од водата со решеткаста лажица кога ќе почнат да пловат на површината.
  7. Ставете ги њоките во тенџере, додајте путер и жалфија, зачинете ги со сол и бибер, наросете пармезан и послужете ги.
Салата со соја и шампињони
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Пита со карамелизирана тиква
Чорба без масло
Крокети од тиква и пармезан
Тарт со праз
Вегетаријански плескавици
Посна сарма со праз и шампињони
Топчиња од палента
Топчиња од зеленчук
Чоколадни бомбици со авокадо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Шеќерни јаболки
Сос од грав и лук
Блага тиква со мед и ореви (посно)
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Салата со карфиол и маслинки
Крем чорба од зеленчук
Топчиња со блитва
Чорба со блитва и кисела павлака
Проја мафини со брокула
Чорба со кисели краставички
Овесни колачиња со цимет и мед
Мафини со рибизли
Чорба со шампињони и кисела павлака

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: