Рецепти
Њоки со сос од зденки
Вкусни њоки со сос од павлака, зденки и млеко
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Компир(500 Грама)
Брашно(150 Грама)
Јајце(1 )
Сол(1 Кафена лажица)
Млеко(100 Милилитри)
Кисела павлака(100 Милилитри)
Зденка(5 )
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Компирите се варат со лушпа, се лупат и се рендаат ладни.
- Се додава 150г брашно, 1 јајце, сол и се замесува тесто кое се дели на четири дела. Секој дел се расукува по должина од кој се сечат мали парчиња тесто кои се обликуваат во њоки.
- За сосот: во 100мл млеко се топат 5 зденки, кога ќе се соединат се додава 100мл кисела павлака и се се меша да се соедини.
- Њоките се прелеваат со сосот и со рендан кашкавал.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во