Рецепти
Октопод салата
Медитеранска салата погодна за сечиј вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
СалатиТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Октопод(850 Грама)
Лук(1 Чешне)
Морков(150 Грама)
Целер(1 )
Ловоров лист(3 )
Бибер(во зрно )
Маслиново масло(30 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути
- Најпрво исчистете го октоподот на следниот начин: исплакнете го под млаз ладна вода, префрлете го на чиста работна површина и исушете го со кујнска крпа. Потоа ставете го врз даска за сечење и со нож исечете ја главата по должина на очите за да ги отстраните; отстранете ја и устата со нож.
- Потоа месото од октоподот исчукајте го со кујнски чекан, па повторно исплакнете го под млаз ладна вода.
- Морковот излупете го и потоа заедно со целерот исечкајте ги на кругови.
- Во тенџере на оган ставете вода и додајте ги зеленчуците, ловоровиот лист, лукот, сол, бибер.
- Кога водата во тенџерето ќе зоврие, додајте го исчистениот октопод и варете го со покриен капак 30-35 минути на многу тивок оган.
- Сварениот октопод исечкајте го, па во сад измешајте го со сечканиот магдонос, масло, сол и лимонов сок.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во