Рецепти
Овошни кошнички Ана Ѓорова

Колачи со крем и сезонско овошје за сладок десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Жолчка од јајце(2 (за тесто) )

Шеќер(120 грама (за тесто) )

Маргарин(120 грама (за тесто) )

Брашно(250 грама (за тесто) )

Жолчка од јајце(2 (за кремот) )

Ванилин шеќер(2 пакетчиња (за кремот) )

Пудинг од ванила(1 пакетче (за кремот) )

Млеко(3 децилитри (за кремот) )

Маргарин(50 грама (за кремот) )

Шеќер во прав(100 грама (за кремот) )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

Тесто:

  1. Од состојките за тесто замесете тесто, расукајте го (со дебелина околу 5 мм) на набрашнета работна површина.
  2. Со округла модла за колачи (или со чаша) вадете ругови и со нив обложете ги намастените калапи за мафини.
  3. Тестото издупчете го со виљушка на површината и печете го во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
  4. Извадете ги корпите од калапите и оставете ги да се оладат.

Крем:

  1. Измешајте со жица за матење 2 жолчки со ванилиниот шеќер, пудингот и млекото.
  2. Варете ги на рингла на пареа со постојано мешање додека смесата се згусне, па оставете ја да се олади.
  3. Во друг сад со миксер пенасто изматете го маргаринот и шеќерот во прав, па додајте ги во оладениот крем.
  4. На крајот во кремот може да помешате овошје по вкус: може да биде компот од праски (или свежи праски), кајсии, шумско овошје итн.
  5. Одозгора украсете ги кошничките со дополнително овошје и со шлаг и сервирајте ги.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: