Рецепти
Палачинки во овошен сос Ана Ѓорова

Класични палачинки со вкусен овошен шербет од комбинација на овошје и слатка павлака. Може да ги подготвите со сезонско овошје, секаква комбинација е убава.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(1 )

Шеќер(300 грама + 3-4 лажици и 1/2 лажичка )

Сол(1/4 Кафена лажица)

Млеко(150 Милилитри)

Газирана вода(100 Милилитри)

Брашно(10-12 Супени лажици)

Слатка павлака(1/2 Литар)

Вода(500 Милилитри)

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Во сад се мешаат јајцето, 1/2 лажичка шеќер, 1/4 лажичка сол, 100 мл газирана вода, 10-12 лажици брашно, 150 мл млеко и малку масло за јадење. Од смесата се пржат палачинки од двете страни во тава на вообичаен начин.
  2. Откако палачинките ќе се испржат, се сечкаат по должината (како јуфки) и се оставаат во тенџере настрана.
  3. Слатката павлака се меша со 3-4 лажици шеќер, потоа се истура врз палачинките и се промешува. Палачинките се ставаат 10-тина минути на рингла на оган да зовријат и да бидат убаво потопени во павлаката.
  4. Во друго тенџере на рингла се става 300 г шеќер со 500 мл вода и се вари шербет додека шеќерот убаво се растопи. Откако ќе зоврие, се додаваат 2 лажици нишесте и сечкано овошје (место ананас и киви може плус јагоди, јагоди и шумско овошје, а убава комбинација се и праски со јаболки).
  5. Во чинија прво се сервираат палачинките со слатката павлака, па одозгора се поливаат со сосот од овошје.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: