Рецепти
Печени моркови со просо Ана Ѓорова

Просото е намирница која одлично се комбинира со слатки и солени јадења

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Морков(8 )

Просо(150 Грама)

Црвен кромид(1 Главица)

Црвена пиперка(1 )

Цимет(1 Прстофат)

Ѓумбир во прав(1 Прстофат)

Кари во прав(1 Прстофат)

Коријандер(1 Прстофат)

Доматно пире(200 Милилитри)

Вода(100 Милилитри)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер(1 Кафена лажица)

Маслиново масло(4 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 75 минути

  1. Исчистете ги морковите и пресечете ги на половинки за да ги издлабите одвнатре.
  2. Просото измијте го и оставете го во цедалка убаво да се процеди.
  3. На умерена температура во тава на маслиново масло ставете ја пиперката да се пропржи.
  4. Кога ќе фати кора додајте го сечканиот црвен кромид, измешајте и после 3 минути додајте ги сите останати зачини и зеленчуци.
  5. Додајте го во тавата и просото, кратко пржете со мешање и тргнете ги состојките од оган.
  6. Во целата смеса ставете малку од доматното пире колку да се навлажнат состојките.
  7. Уклучете ја рерната на 170°C, земете тава за печење и ставете доматно пире да го покрие дното на садот и две лажици маслиново масло.
  8. Преку нив редете ги морковите и нив филувајте ги со просото.
  9. Доколку ви остане смеса од просо, сипете го помеѓу морковите во тавата.
  10. Остатокот од доматното пире растворете го со вода и полејте го помеѓу морковите.
  11. Сите моркови испрскајте ги со маслиново масло, покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете еден час.
  12. Ова јадење послужете го топло во комбинација со зелена салата.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: