Рецепти
Печени пирошки
Одлични за секакви пригоди како вкусно предјадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(1 Килограм)
Јајце(3 )
Масло(2 Чаши)
Квасец(2 коцки свеж )
Млеко(1/2 Литар)
Сол(2 Кафени лажици)
Кашкавал(200 Грама)
Шунка(200 Грама)
Маргарин(250 Грама)
Лебни трошки(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Се замесува тесто од брашното, јајцата, маслото, квасецот, млекото и 2 лажички сол и се остава добро да стаса.
- Фил: се мешаат сечканите кашкавал и шунка на коцки со кечап по желба и со оригано.
- Потоа се дели на 60 топчиња со големина на орев.
- Секое топче се плеска на дланката и се става по 1 лажиче од филот. Се поклопува тестото и се формира топче.
- Откако ќе се направат, топчињата се потопуваат во растопениот маргарин, а потоа во лебни трошки и се редат во подмачкан плех.
- Истото се повторува со сите топчиња и се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во