Рецепти
Полнет компир со сирење и лук
Лесен ручек од компири кој можете да го послужите со свежа салата за поголемо уживање
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Компир(250 Грама)
Путер(25 Грама)
Млеко(1-2 Супени лажици)
Сечкан магдонос(малку )
Путер(25 Грама)
Лук(2 Чешниња)
Сирење(50 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Рерната се загрева на 200 степени.
- Компирите (сосе лушпата) ги боцкаме и ги ставаме во рерна да се печат додека омекнат.
- Потоа ги делиме на половина и им ја длабиме средината.
- Средината од варениот компир ја пасираме со путер и млеко.
- Зачинуваме со сол и бибер по вкус и мешаме.
- Во тава на оган топиме путер и го пржиме сечканиот лук.
- Откако ќе омекне, го мешаме со смесата со издлабениот компир.
- Во смесата мешаме и половина количество од сирењето (рендано).
- Со оваа смеса го полниме печениот компир, го попрскуваме со сирење и го враќаме уште малку во рерна да се допече.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во