Рецепти

Потпечени ќофтиња со кашкавал
Едноставен, а вкусен ручек. Послужете ги со пире од варени компири и со свежа салата.
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Лебни трошки(300 Грама)
Кашкавал(300 Грама)
Мешано мелено месо(300 Грама)
Јајце(3 )
Кромид(1 Главица)
Суво нане(1 Кафена лажица)
Буковец(1 Кафена лажица)
Сол(1 Кафена лажица)
Вегета(1 Кафена лажица)
Вегета(1 Кафена лажица)
Маслиново масло(малку )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Месото, јајцата, лебните трошки, сечканиот кромид и зачините ставете ги во еден сад заедно и потоа месете ги додека да добиете хомогена смеса.
- Од смесата правете ќофтиња и пржете ги на загреано масло.
- Пржените ќофтиња наредете ги на керамичка тава намастена со маслиново масло.
- Врз ќофтињата ставете го ренданиот кашкавал и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се потпечат.
- Ќофтињата се печат сè додека кашкавалот се растопи и зарумени.
- Се послужуваат додека се топли со претходно сварено пире од компири и салата по избор.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во