Рецепти
Рижото со пилешко и со пченка
Вкусно јадење од ориз, пченка и пилешко што е одлично за ручек за двајца
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешко месо(1 Парче)
Ориз(1 Чаша)
Сланина(100 Грама)
Пченка(200 Грама)
Лимон(1 )
Кромид(1 Главица)
Лук(2 Чешниња)
Сенф(1 Супена лажица)
Масло(по потреба )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Кромидот и лукот ситно се сечкаат и се динстаат во масло, се додава сланината исечкана на коцки и веднаш потоа пилешкото исечкано на коцки.
- Динстајте ги малку, додајте лимонов сок и 1 дл вода, продолжете со динстањето, но внимавајте да не изврие целата течност.
- На крај зачинете со сол, бибер, рузмарин и сенф. По желба може да додадете и малку рендана кора од лимон.
- Оризот и пченката обарете ги одделно, измешајте ги со смесата од пилешкото и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во