Рецепти
Ролат со јајца
Телешки ролат со сланина, јајце во средината и со фил од спанаќ
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Путер(20 Грама)
Рендан пармезан(30 Грама)
Кашкавал(200 Грама)
Маслиново масло(3 Супени лажици)
Димена сланина(100 Грама)
Рузмарин(1 Супена лажица)
Спанаќ(200 Грама)
Белка од јајце(1 )
Јајце(3 )
Бело вино(3 Супени лажици)
Кромид(1/2 Главица)
Телешко месо(600 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од минути
- Јајцата сварете ги и излупете ги, а спанаќот обарете го и исечкајте го и измешајте го со ренданиот кашкавал, пармезанот, сол, бибер и 1 белка од јајце.
- Месото свиткајте го во проѕирна фолија и истенчете го со дрвен чук. Потоа врз него ставете парчиња од димената сланина, па ставете од филот со спанаќ и на крај ставете ги тврдоварените јајца.
- Свиткајте го месото во ролат и прицврстете го добро со кујнски конец.
- Пржете го во тавче со 3 лажици масло, потоа додајте го сечканиот рузмарин, 1 лажица бело вино и 1/2 исечкан кромид.
- Пржете го ролатот додека малку зарумени, а потоа додајте неколку кутлачи топла супа, колку да го покрие месото и варете го 1 час. Додавајте по потреба уште супа.
- Отстранете го конецот од зготвениот ролат, ролатот пресечете го на парчиња и сервирајте го со печени компири.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во