Рецепти

Ролат со ореви
Едноставно и вкусно. Со него ви предлагаме да се напиете суво бело вино
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер во прав(250 Грама (за ролатот) )
Мелени ореви(250 Грама (за ролатот) )
Црно чоколадо(40 Грама (за ролатот) )
Путер(125 Грама (за филот) )
Шеќер во прав(100 Грама (за филот) )
Рум(2 Супени лажици (за филот) )
Јајце(2 )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути
- Започнуваме со подготовка на смесата за ролат. Јајцата ги кршиме, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките во длабок сад.
- Во садот со белките го додаваме шеќерот во прав и матиме со миксер. Кога ќе се соеднинат ги додаваме оревите. Матиме со миксерот додека смесата не се соедини.
- Чоколадата искршена на парчиња ја топиме во тенџере на оган. Ја додаваме во садот со смесата од белки. Мешаме со лажица додека не се соедини.
- Започнуваме со подготовка на филот. Во садот со жолчките ги додаваме путерот, шеќерот во прав и румот. Матиме со миксер додека филот не стане пенест.
- Смесата за ролатот ја ставаме на најлонска фолија намрсена со масло. Ја расплескуваме во правоаголна форма и премачкуваме со филот. Со помош на фолијата виткаме ролат. Го свиткуваме ролатот во фолијата и го ставаме во замрзнувач. Изладениот ролат го вадиме од фрижидер, ја отстрануваме фолијата и го сечеме на парчиња.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во