Рецепти
Сардини во лимонов сок (хроно) Ана Ристеска

Одличен ручек за сите љубители на рибата и лесните јадења

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Сардини свежи(1 Килограм)

Лимон(2 )

Домат(4 )

Масло(100 Милилитри)

Магдонос(1 )

Лук(5 Чешниња)

Бистра зеленчукова супа(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Исчистете ги сардините така што прво ќе им ја отсечете главата, а потоа ќе ги пресечете на половина и ќе ја извадите централната коска. Потоа измијте ги и исушете ги со кујнска крпа.
  2. Измијте ги доматот и лимонот и исечете ги на тенки кругови.
  3. Во огноотпорен сад, премачкан со масло, наредете еден ред сардини и посипете со мешавина на зачини. Потоа, наредете кругови од домат и покријте ги со кругови од лимон. Истата постапка повторете ја уште еднаш и завршете со сардини.
  4. Посебно соединете ги ситно исчканиот магдонос и лукот со маслиново масло и со супата од зеленчук. Додајте зачини по вкус и полека измешајте.
  5. Врз последниот ред сардини, нанесете ја приготвената мешавина и покријте со фолија. Печете во загреана рерна на 200°C, 40 минути.
  6. Извадете ја фолијата и вратете го садот во рерна за да заруменат сардините и за да испари вишокот на течност.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: