Рецепти
Шеќерни јаболки Ана Ѓорова

Потсетете се на детството со оваа слатка ужинка. Може да ги завиткате во целофан и да ги подарите на најдрагите.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(10 многу мали )

Шеќер(500 Грама)

Вода(110 Милилитри)

Оцет(1 Кафена лажица)

Мед(2 Супени лажици)

Црвена прехранбена боја

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Најпрво убаво измијте ги јаболчињата и добро избришете ги со крпа.
  2. Потоа извадете им ги рачките и на тоа место забодете им по едно дрвено стапче (за ражничи) со остриот крај насочен кон јаболкото.
  3. Во тенџере на оган ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додајте ги и преостанатите состојки и варете 10-15 минути.
  4. Со лажичето капнете од смесата во ладна вода, па ако веднаш се карамелизира и не е меко, значи дека е готово. Постапката треба да ја изведете брзо за да не ви се стегне карамелот предвреме.
  5. Во жешкиот сируп потопете ги јаболките убаво од сите страни, малку протресете да падне вишокот и ставете ги на тепсија со намастена хартија за печење за да се исушат.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: