Рецепти
Зелена оброк салата од пилешко месо и смокви Ана Ѓорова

Брза, едноставна салата со рукола, пилешко месо, сланина, смокви и прелив од свежи состојки. Одличен и богат летен оброк.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(4 )

Сланина(225 Грама)

Козјо сирење(110 Грама)

Рукола(1 Китка)

Смоква(500 Грама)

Мед(3 Супени лажици)

Маслиново масло(1/2 Чаша)

Црвен кромид(1 Главица)

Црвен вински оцет(1 Супена лажица)

Лимон(1/2 )

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Во пластичен сад убаво измешајте ги медот, 1/4 чаша маслиново масло, ситно исечкан црвен кромид, винскиот оцет, свеж сок од 1/2 лимон, сол и бибер.
  2. Пилешките гради обвиткајте ги во пластична фолија, истенчете ги убаво со дрвен чук и потоа посолете ги и забиберете ги од двете страни.
  3. Сланината пржете ја во тава со малку загреано масло, околу 3-4 минути на умерена температура, а потоа ставете ја врз хартија за да се исцеди од маснотијата.
  4. Во тавата додајте масло и испржете ги пилешките гради, по 3-4 минути од двете страни, а потоа ставете ги со сланината малку да се исцедат.
  5. Во тавата ставете ги состојките од пластичниот сад и гответе ги неколку минути на слаб оган со постојано мешање.
  6. Во чинија за послужување, ставете ги исечканите пилешки гради, козјото сирење, сланината, свежите измиени и преполовени парчиња смокви и руколата. Измешајте ја салатата и прелијте ја со смесата од мед и маслиново масло.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: