Рецепти
Тава со полнети суви пиперки (посно)
Посна тава од полнети пиперки со праз и ориз во печурки и доматно пире
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Сува везена црвена пиперка(5-6 )
Ориз(250 Грама)
Праз(1 )
Свежи шампињони(400 Грама)
Доматно пире(100 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Сувите пиперки се варат во вода 15 минути, се вадат и се оставаат настрана.
- Во малку масло се пржи ситно сечканиот праз и се додава исчистениот и измиен ориз. Се додаваат и сол, бибер, босилек и други зачини по вкус.
- Сувите варени пиперки се полнат со испржената смеса, па се редат во земјен сад. Се додава вода колку да ги прекрие и потоа садот се става во рерна да се пече 25-30 минути.
- Во меѓувреме во друга тава се запржуваат печурките со преостанатиот праз, потоа се зачинуваат и на крај им се додава доматно пире.
- Садот се вади од рерна, се додава смесата од печурки, се распоредува околу пиперките и потоа се враќа во рерна уште 10-15 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во