Рецепти
Торта со суво овошје и костени
Лесен и непечен десерт со вкусна комбинација што ќе ја обожавате
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Шеќер(50 Грама)
Вода(100 Милилитри)
Лимон(1 )
Портокал(1 )
Суви смокви(500 Грама)
Суви сливи(без семки 500 грама )
Мелени ореви(250 Грама)
Бадеми(сечкани 100 г )
Путер(175 Грама)
Шеќер во прав(2 Супени лажици)
Пире од костени(500 Грама)
Рум(2 Супени лажици)
Црно чоколадо(200 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во тенџере на оган ставете 100 мл вода и 50 г шеќер со исцедените лимон и портокал да зовријат. Измешајте додека шеќерот се ратопи и оставете го шербетот настрана.
- Во длабок сад ставете ги мелените ореви, сечканите бадеми, сечканите суви сливи и сечканите суви смокви. Додајте го врелиот шербет и измешајте ги состојките со рака.
- На чинија за торта ставете обрач од тркалезен калап и ставете ја смесата, па со дланката убаво притиснете ја на дното.
- Во сад за матење ставете 125 г путер, шеќерот во прав и румот, па матете со мискер додека филот се соедини. Потоа додајте го пирето од костени ( може да подготвите и сами домашен крем од костени – рецепт: https://moemeni.mk/?cs_recepti=krem-od-kosteni ) и добро соединете со миксерот.
- Филот нанесете го врз подлогата од суво овошје и јатки во чинијата.
- Чоколадото искршете го на парчиња и растопете го во тенџере на тивок оган заедно со 50 г путер.
- Откако чоколадниот прелив ќе ја добие потребната густина, премачкајте ја тортата, па послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во