Рецепти
Венец со јајца
Декоративен леб што е одличен за велигденската трпеза
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Квасец во прав(3 Кафени лажици)
Кафеав шеќер(1/3 Чаша)
Млеко(1 Чаша)
Брашно(1/2 Чаша)
Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)
Путер(6 Супени лажици)
Сол(1 Кафена лажица)
Ванилин шеќер(1 Кафена лажица)
Јајце(4 за тестото, 4 за декорација )
Белка од јајце(1 за премачкување )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути
- Сувиот квасец растопете го во малку млако млеко и мешајте 5 минути.
- Потоа додајте 4 јајца, брашното, шеќерот и сите останати состојки.
- Замесете тесто и оставете го да стасува околу 1 час.
- Потоа стасаното тесто поделете го на три големи топки.
- Од секоја топка расукајте кора врз набрашнета површина, па потоа свиткајте ги како ленти и сплетете плетенка од трите дела.
- Спојте ги краевите на плетенката за да направите венец.
- Помеѓу плетенките ставете ги вапцаните јајца, премачкајте го венецот со белката од јајце и на површината наросете сусам, сечкани бадеми или нешто друго по желба.
- Печете го лебот во загреана рерна околу 30 минути, или додека убаво зарумени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во