Рецепти
Зимница од модри патлиџани
Модри патлиџани со оцет и лук како одлично предјадење
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Модар патлиџан(20 )
Црвена пиперка(3 )
Зелена пиперка(3 )
Магдонос(1 Китка)
Целер(1 )
Лук(4-5 Чешниња)
Сол(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Модрите патлиџани исчистете ги, исечете им ги дршките, измијте ги добро и засечете ги на 3-4 места во вид на резенка, но не докрај.
- Ставете во еден поголем сад вода и обарете ги модрите патлиџани. Барете ги околу 15 минути.
- Извадете ги од вода со решеткава лажица, ставете ги на штица и покријте ги со друга штица врз која ќе ставите нешто тешко за да се исцедат од водата. Така оставете ги патлиџаните да отстојат преку ноќ.
- Исечкајте ги на парчиња пиперките, магдоносот, целерот и лукот и ставете ги во сад. Посолете ги и оставете ги да отстојат 20-30 минути.
- Со подготвениот фил од пиперки полнете ги модрите патлиџани, а за да не се растури филот, секој патлиџан заврзете го со дршка од целер.
- Редете ги во тегла и налејте ги со разблажен оцет, заврзете ги и оставете ги до употребата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во