Состојки
Црвена леќа Оваа исклучително корисна намирница има неверојатни 26 грама протеини на 100 грама намирница! Доколку ја комбинирате со некоја друга житарица, кога станува збор за аминокиселинскиот состав, има неверојатна способност за надополнување па така се добива збир од одлични квалитетни аминокиселини. Енергетски дава 350 калории, содржи квалитетни јаглехидрати – 60 г на 100 г и неверојатни 30 г влакна кои претежно се растворливи (го намалуваат холестеролот), а дел нерастворливи (ги успоруваат јаглехидратите, ја помагаат дигестијата односно празнењето на цревата). Имаат изразено низок гликемиски индекс (само 29). Од само 1 грам масти, содржи поволни омега 3 и омега 6 масни киселини.
Со оваа состојка може да ги приготвите следниве рецепти
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: