Рецепти
Баклава со рогач и јаболки Ана Ѓорова

Вкусен специјалитет на поинаков начин кој ќе го обожавате

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Мелени ореви(300 Грама)

Сечкани ореви(100 Грама)

Рогач(мелен 200 грама )

Јаболко(4 благи )

Суво грозје(100 Грама)

Шеќер(200 Грама)

Прашок за печиво(2 Пакувања)

Цимет(1 Пакување)

Масло(250 Милилитри)

Газирана вода(500 Милилитри)

Шеќер(1 кг за шербет )

Вода(1 л за шербет )

Лимон(1 за шербет )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јаболките се лупат и се рендаат, па се мешаат со лажица заедно со сите останати состојки (освен состојките за шербет).
  2. Во правоаголна тава за печење, намастена со масло, се ставаат една по една 3 кори свиткани во големина на тавата. Секоја кора се намастува со масло.
  3. Врз корите се нанесува фил. Истата постапка се повторува додека да се потрошат сите состојки.
  4. Последниот ред од баклавата треба да биде од 3 намастени кори.
  5. Баклавата се сече и се става да се пече во рерна на 180 степени, 45 минути.
  6. Од 1 кг шеќер и 1 л вода во тенџере на оган се вари шербет. Лимонот се сечка на тенки кругови и се додава во тенџерето, па се вари додека шербетот ја добие потребната густина.
  7. Полуизладената балкава се прелива со врелиот шербет, се чека да впие, па се сервира.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: