Рецепти
Бисквитна торта со чоколадо Ана Ристеска

Многу вкусна, а едноставна торта со бисквити, ванила пудинг и чоколадо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пудинг од ванила(2 Пакувања)

Шеќер(10 Супени лажици)

Жолчка од јајце(3 )

Маргарин(250 Грама)

Бисквити(500 Грама)

Црно чоколадо(100 Грама)

Млеко(1 Литар)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 50 минути

  1. На оган ставаме 800 мл од млекото, од кое тргаме на страна 200 мл за да ги раствориме пудинзите и за да ги потопиме бисквитите.
  2. Во млекото додаваме 10 лажици шеќер, посебно ги размешуваме пудинзите во ладното млеко, ги додаваме трите жолчки и убаво разматуваме.
  3. Во свареното млеко ги додаваме пудинзите и матиме додека смесата добро се згусне.
  4. Чоколадото за готвење го сечкаме на ситни парчиња, оставаме само еден ред за да ја украсиме тортата одозгора.
  5. Маргаринот го матиме со миксер, ја додаваме изладената смеса со пудинзите, па матиме со миксер додека се добие хомогена смеса. Потоа го додаваме исечканото чоколадо и мешаме со лажица.
  6. На плех редиме 4 реда со по 5 коцки бисквити, претходно потопени во млекото, па додаваме од кремот и премачкуваме.
  7. Постапката ја повторуваме уште 3 пати, на крајот целата торта ја премачкуваме со преостанатиот крем и одозгора го рендаме преостанатото чоколадо. Тортата ја ставаме во фрижидер најмалку 2 часа, потоа сечеме на парчиња по желба.
Весела торта
Пуслици со ореви
Посни медени колачи
Суви колачи со лешници
Овошна векна
Колач од дуњи
Шеќерни јаболки
Лимон-колач
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Туткана гибаница
Посен колач со кафе
Посен колач со мармалад од сливи
Колач со медени срца
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Бисквит торта со јаболки
Пудинг колач со јаболки
Колач од моркови со крем
Чоколаден колач со јаболки и ореви
Еврејски колач
Француски штангли
Штангли со костен и чоколадо
Алегро колач
Бабин колач со јаболко
Блум штангли
Шербет пита со јаболки
Баклава со рогач и јаболки
Улутма од ореви
Лешник коцки

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: