Рецепти
Бонет
Италијански десерт сличен на пудинг што со сигурност повторно ќе го направите
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јајце(2 )
Шеќер(100 Грама)
Какао(25 Грама)
Амарети колачиња(50 Грама)
Млеко(250 Милилитри)
Рум(1 Супена лажица)
Вода(2 лажици (за карамела) )
Шеќер(100 грама (за карамела) )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути + 4 часа во фрижидер
- Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот.
- Колачињата издробете ги како крупни трошки, па додајте ги во смесата со матените јајца заедно со какаото. Повторно матете.
- Додајте ги млекото и румот и продолжете со матењето со миксер.
- Во друго тенџере на тивок оган ставете 100 г шеќер и 2 лажици вода, мешајте со лажица додека добиете боја на карамела и густ состав, па тргнете од оган.
- Во пластични калапчиња ставете прво од карамелата, па потоа од смесата. Ставете ги во тавче со жешка вода и гответе ги на пареа во загреана рерна на 150°C околу 30 минути.
7. Кога ќе бидат готови, оставете ги да се оладат и ставете ги во фрижидер најмалку 4 часа пред да ги превртите калапчињата и да послужите.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во