Рецепти
Боранија со соја зрна
Сојата и боранијата претставуваат добитна здрава комбинација која изобилува со витамини, протеини и минерали
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
1 лицеВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Соја зрна(50 Грама)
Боранија(250 Грама)
Зелена пиперка(1 )
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Домат(1 )
Кечап(1 Кафена лажица)
Лук(2 Чешниња)
Кромид(1 Главица)
Масло(2 - 3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Соја зрната се ставаат во половина литар зовриена вода и се варат 15-тина минути.
- Во длабоко тавче со масло се динста исечканиот кромид, се додава боранијата, исечканата пиперка, домат и лук. Додајте ги и сварените соја зрна и посолете по вкус.
- Во така добиената смеса се додава малку вода и се динста уште 1 час. По потреба се додава вода.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во