Рецепти
Браунис со лимон Ана Ѓорова

Освежителни колачиња од лимон и вкусна глазура

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(60 Грама)

Путер(113 Грама)

Јајце(2 )

Шеќер(3/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(4 Супени лажици)

Рендана кора од лимон(1 1/2 Кафена лажица)

Сол(1/4 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1/4 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1/4 Кафена лажица)

Екстракт од ванила(1/2 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Загрејте ја рерната на 170°C.
  2. Во голем сад ставете го омекнатиот путер со шеќерот и измиксирајте ги пенасто. Постепено додајте ги двете јајца и продолжете со матење додека смесата да се соедини. Потоа додајте 2 лажици сок од лимон и 1 и пол лажичка рендана кора од лимон и мешајте.
  3. Во посебен сад измешајте го брашното, солта, печивото и содата. Додајте ги во влажните состојки и миксирајте околу 1-2 минути додека да добиете убава кремаста смеса.
  4. Смесата претурете ја во намастен калап и печете ја во загреаната рерна 20-25 минути. Не ги печете премногу колачите, само додека да добијат златнокафена боја. Оставете ги настрана 20 минути да се оладат.
  5. Измешајте го шеќерот во прав со 2 лажици сок од лимон, малку рендана кора од лимон и 1/2 лажица вода по потреба за да се растопи шеќерот. Со оваа глазура полијте го колачот и исечете го на коцки.
Јафа бомбици
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Шеќерни прженки
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Смути од јапонски јаболки и круши
Ролат од локум (посно)
Бели топчиња
Експрес-пилешко со зеленчук
Сусам топчиња
Пилешки џигер во пиво
Колачиња зелени елки
Пилешко со лимон
Кнедли од крем сирење
Енергетски залчиња од тиква
Смути со киви и банани
Ролат со кокос
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Чоколаден чиа пудинг со портокал
Топчиња од палента
Чај со јаболко

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: