Рецепти
Брускети со песто сос, моцарела и домати Ана Ѓорова

Вкусни, ароматични и крцкави лепчиња како совршена идеја за лесна вечера со чаша вино и пријателите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Багет(2 )

Домат(2-3 )

Песто сос(190 Грама)

Моцарела сирење(1 Пакување)

Лук во прав(1-2 Супени лажици)

Свеж босилек(10 Листови)

Рендан пармезан(1 Пакување)

Вегета(1-2 Супени лажици)

Сол(1-2 Кафени лажици)

Масло(4-5 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 30 минути

  1. Багетот исечете го накосо на средно дебели кришки. Наросете вегета од двете страни на лепчињата.
  2. Средно голема тава намастете ја со маслиново масло и ставете ја на оган, а потоа едно по едно посолените лепчиња печете ги од двете страни додека не станат крцкави.
  3. Доматите исечкајте ги на ситни коцки и измешајте ги со пармезанот и сол по вкус.
  4. Моцарелата исечкајте ја на тенки ленти.
  5. Еден дел од лепчињата намачкајте ги со песто сос, другиот дел со смесата од домати и со листови босилек, а на останатите лепчиња ставете моцарела, смеса од домати и малку песто сос.
  6. Наросете лук во прав врз сите лепчиња, попрскајте ги со маслиново масло и ставете ги да се потпечат во рерна на 200°C, околу 10-15 минути. Проверувајте ги и извадете ги од рерна откако моцарелата ќе се растопи. Послужете ги топли.
Кесадии со туна
Ориз со печурки
Просо со брокула (посно)
Сикма
Фритата со домат, туна и сирење
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Потпечена блитва со сирење
Палачинки со туна
Октопод со компири и лимон
Кускус со риба
Палачинки со зеленчук
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Тарт со тиквички
Плескавици од компири
Сендвичи од палента
Брускети со тиквички
Пикантни брускети
Тиквички со павлака и лук
Палачинки со тиквички
Запиеканка со печурки ( Zapiekanka z pieczarkami )
Кремасто рижото со тиквички
Полнети пиперки со кускус
Кнедли со млеко (Kluski z mlekiem)
Солен колач со зеленчуци
Солен колач од туна
Клуб сендвич
Рижото со домати и маслинки
Вегетаријански тортиљи
Кускус со спанаќ
Киноа со зеленчук
 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: