Рецепти
Бурито со јајца
Тортиљи со пржени јајца и колбаси што се одлични за појадок за носење и за пикник
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПојадокТИП НА КУЈНА
Мексиканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
8 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Колбас(500 Грама)
Јајце(12 )
Црвена пиперка(1-2 )
Рендан кашкавал(225 Грама)
Тортиљи(8 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Во тава испржете ги сечканите колбаси додека убаво заруменат.
- Јајцата изматете ги со малку сол и бибер, па префрлете ја смесата во тавата со пржените колбаси.
- Гответе со постојано мешање, па додајте ги исечканите пиперки и ренданиот кашкавал.
- Пржете уште малку додека кашкавалот се растопи и јајцата се испржат, па тргнете ја смесата во сад настрана.
- Тортиљите стоплете ги во рерна или во микробранова печка околу 1 минута, па потоа ставете им од смесата и свиткајте ги како бурито.
- На крај буритото свиткајте го во алуминиумска фолија и послужете го.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во