Рецепти
Чорба „Гамбо“
Вкусна и богата чорба со потекло од Африка што мора да ја испробате
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Пилешко месо(750 Грама)
Путер(3 Супени лажици)
Кромид(2 Главици)
Целер(1 )
Црвена бабура(2 )
Бамја(2 Чаши)
Лук(3 Чешниња)
Колбас(450 Грама)
Чаден пилешки стек(1 чаша сечкан )
Лупени домати од конзерва(800 Грама)
Грав во конзерва(280 Грама)
Пилешка супа(2 Чаши)
Ракчиња(450 Грама)
Ориз(2 Чаши)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути
- Измијте го пилешкото месо и сварете го во тенџере со повеќе вода. Потоа исцедете го од водата и оставете го настрана да се олади.
- Во водата каде што се вареше пилешкото додајте го путероѕ, сечканите целер, кромид, бабури, бамји и лук.
- Исчистете го свареното пилешко месо од коските и вратете го во тенџерето. Додајте ги сечканиот колбас и пушеното пилешко месо исечено на коцки.
- Гответе ги околу 10 минути.
- Додајте ги доматите, испасираниот варен грав од конзерва и зачинете со буковец и ловоров лист.
- Оставете да зоврие чорбата, па додајте уште 2 чаши пилешка супа. Откако пак ќе зоврие, гответе 10-15 минути, па додајте ги чистените ракчиња.
- Гответе додека ракчињата станат розеви, околу 5 минути.
- Сварете го оризот (а може и без ориз) и послужете ја чорбата со него како гарнир или во чорбата.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во