Рецепти
Чорба со блитва и со мелено месо
Вкусна чорба од блитва, мелено месо и ориз што е одлична за ручек. Пријатно јадење!
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Мешано мелено месо(250 Грама)
Блитва(300 Грама)
Ориз(1/4 Чаша)
Морков(2 )
Компир(2-3 )
Лимон(1 )
Млеко(1 Чаша)
Јајце(1 )
Вегета(1 Супена лажица)
Лук во прав(1/2 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Блитвата се вари кратко колку да омекне, па потоа се цеди и ситно се сечка.
- Морковите и компирите се рендаат.
- Во тенџере со масло на оган ги запржуваме меленото месо, па ги додаваме оризот, блитвата, морковите и компирите. Пржиме неколку минути.
- Потоа ги додаваме и зачините и промешуваме. Додаваме 1,5 л вода и чорбата ја вариме околу 30 минути.
- По 10 минути од варењето, го додаваме млекото во чорбата.
- Пред да ја тргнеме од оган, вадиме 1 црпалка од чорбата и ја мешаме заедно со 1 матено јајце и со исцеден сок од лимон.
- Оваа смеса ја додаваме во чорбата, убаво промешуваме и по неколку минути варење, чорбата е готова.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во