Рецепти
Десерт со праски и суво грозје
Вкусен, лесен и освежителен летен десерт
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Праска(8 од конзерва или свежи )
Суво грозје(2 Супени лажици)
Бренди(2 чашки )
Слатка павлака(2 Децилитри)
Шеќер во прав(1 Супена лажица)
Бисквити(4 )
Цимет(1 Кафена лажица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Исцедете ги праските од течноста и исечете ги на парчиња.
- Ставете ги во сад со сувото грозје, полијте ги со бренди и оставете ги половина час.
- Изматете ја павлаката со шеќерот во прав.
- Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со циметот.
- На дното од стаклените чаши за послужување ставете малку изронети бисквити или пандишпан.
- Полијте со малку сируп од праските, па додајте ја смесата со праски и суво грозје.
- Дополнете ги чашите со изматената павлака и украсете по желба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во