Рецепти
Домашен песто сос
Превкусен италијански сос за тестенини од свеж босилек и лук
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Лук(1 Чешне)
Свеж босилек(50 Грама)
Рендан пармезан(30 Грама)
Морска сол(1 Прстофат)
Пекорино кашкавал(30 Грама)
Маслиново масло(100 Милилитри)
Борови ореви (пињоли)(15 Грама)
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 15 минути
- Лукот излупете го и истолчете го во дрвен сад заедно со малку морска сол.
- Потоа додајте ги целосните, измиени и исушени листови босилек и толчете ги заедно со лукот додека убаво не се испасира смесата и не стане кашеста.
- Откако ќе добиете убава смеса, додајте ги боровите ореви и толчете повторно додека не се соедини смесата.
- Пекорино кашкавалот изрендајте го на најситно и додајте го заедно со ренданиот пармезан во смесата со босилекот.
- На крај додајте го маслото и убаво промешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Песто сосот ставете го најмалку 1 час во фрижидер пред употреба.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во